Специјалистот за брзи трки, германецот Thomas Dressen со втора победа во спуст во две недели со што ја задржа шансата за титула во дисциплината во тесна трка и тоа пред Beat Feuz за две стотинки. “Не можев да поверувам на финишот, но среќен сум секако,” изјави Dressen.
Feuz го пратеа тројца колеги скијачи од швајцарскиот тим, Mauro Caviezel за 0.09 секунди на трето место и Carlo Janka на четврто место.
Популарниот норвежанец Kjetil Jansrud и Vincent Kriechmayr од Австрија завршија во делба на шесто место.
Beat Feuz кој ќе ја обезбедеше титулата во спуст (трета за ред) со евентуална победа сега треба да почека. Се уште е главен фаворит за кристален глобус со водство пред второ пласираниот Dressen за 194 поени и две трки до крајот (секоја победа носи 100 поени). “Beat ќе обезбеди барем седум поени во наредните две трки, можеме веќе да му честитаме на заслужената титула,” изјави Dressen.”
Dressen финишира силно, иако при една тумба едвај ја задржа рамнотежата со перфектно возење во долниот дел. “После таа грешка мислев дека ќе изгубам контрола на скиите, не застанав правилно на нив.”изјави Dressen.
Само 12 дена откако победи на домашен терен во Garmisch-Partenkirchen тој дојде до својата трета победа сезонава.
Saalbach-Hinterglemm е еден од домаќините на Светски шампионат во алпско скијање во 2025 година.