Запопчнуваат премиерите на The Dawn Wall

ey-tommy-caldwell-kevin-jorgeson-vf-cop

Запопчнуваат премиерите на The Dawn Wall 

Долго очекуваниот филм The Dawn Wall, чија најава можевме да погледнеме  во серијалот REELROCK 10, ќе започне со своето кино прикажување од 14 септември 2018, потоа премиерите ќе продолжат низ Америка, а подоцна и насекаде низ светот, нудејќи сирови, диви, искрени качувачки сцени од едно најтешките слободни искачувања на планетава.

Во 2015 година, во текот на 19-тина дена, американските качувачи Томи Калдвел и Кевин Јоргесон го шокираа светот со своите напори да ја искачат легендарната секција Dawn Wall на El Capitan, навидум невозможна 900 метри висока застрашувачката вертикална карпеста формација во националниот парк Јосемит во Калифорнија.

Овој двоец живееше на чистата вертикална карпа со недели, поттикнувајќи возбуда низ медиумите во светот. Но, за Томи Калдвел, The Dawn Wall (Ѕидот на зората) беше многу повеќе од само искачување. Тоа е кулминација на живот дефиниран со надминување на пречки. На 22-годишна возраст, на едно свое искачување, беше заробен како заложник од страна на бунтовниците во Киргистан. Кратко потоа, го губи показалецот во несреќа, но решава да се врати уште посилно. Кога неговиот брак се распаѓа, тој ја избегнува болката со фиксирање на една цел – слободно качување на The Dawn Wall.

Замаглувајќи ја линијата помеѓу посветеноста и опсесијата, Колдвел и неговиот партнер Јоргесон поминуваат шест години детално вежбајќи ја својата насока. На последниот обид, со погледите свртени кон себе, Колдвел се соочува со момент на вистината. Треба ли да го напушти својот партнер за да го исполни својот сон, или да го ризикува својот успех заради своето пријателство?

 

ey-tommy-caldwell-kevin-jorgeson-vf-cop (2)

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки