Се одржа гала настанот „Вечер за жени во спортот“

На 20-ти декември се одржа гала настан „Вечер за жени во спортот“ кој втора година по ред се организира во Македонија. На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во дванаесет категории. Целта на овој настан, како што информираат организаторите, е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт, да се промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

ТАКТ 1

„Целта на овој настан е да се истакнат сите значајни достигнувања на спортистките за 2019-та, но и да се потенцираат успесите на девојките и жените кои своето време го поминуваат на спортските терени, во улога на тренер, судијка, менаџерка. Со овој настан сакаме да го афирмираме успехот на сите жени кои делуваат во спортскиот сектор и да ја афирмираме заложбата за родова еднаквост во спортот зашто потребна ни е еднаквост на спортските терени, на спортските натпревари, еднаква финансиска поддршка, еднаква медиумска застапеност и еднаква застапеност во управувачките тела и креирање на политики“ – изјави претседателката на ТАКТ Силвија Митевска.

ТАКТ 2

„Верувам дека овој настан ќе продолжи и во следните години и дека успехот на спортистките ќе го доближиме поблизу до пошироката јавност, со цел да мотивираме и инспирираме што поголем број на девојки да спортуваат и да сонуваат за спортски кариери. Спортскиот сектор не е повеќе доминантно машко поле, напротив, постојат многу способни и амбициозни девојки и жени кои се остваруваат во спортските професии, притоа надминувајќи ги сите стереотипи и предрасуди“ – ќе додаде Митевска.

Настанот е организиран од организација ТАКТ од Скопје, која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт и e поддржан од амбасадата на Кралството Холандија, амбасадата на Обединето Кралство, амбасадата на Кралството Шведска, Хорус и други.

ТАКТ 3

Прогласени победнички во 12-те категории се:

  1. Најнадежна млада спортистка

Миа Тодорова

  1. Најголем придонес во училишен спорт

Анета Глигорова

  1. Најдобар женски тренер

Жаклина Стојановска

  1. Најдобра судијка

Ивана Пројковска

  1. Најголем општествен придонес преку спорт

Македонска Асоцијација Бочија

  1. Најуспешна спортска менаџерка

Зорица Блажевска

  1. Спортски подвиг на годината

Тина Несторовска

  1. Посебно признание за животно дело

Индира Катратовиќ

  1. Најдобра спортистка со инвалидитет

Сара Дураку

  1. Најдобра спортистка во колективен спорт

Наташа Андонова

  1. Најдобра спортистка во индивидуален спорт

Пулексенија Јованоска

  1. Најдобра спортистка за 2019та година

Адријана Поп Арсова

 

 

За Toni Dimitrov

Toni loves being outside. He is a passionate rock climber and mountaineer familiar with all the peaks in Macedonia. An active organizer of hiking tours enjoyed by both foreigners and locals. He also practices running and wind surf. He is one of the main organizers of the Reel Rock Tour in Skopje, Macedonia. His other activities includes DJ-ing, producing music, hosting radio programmes, organizing events, writing for magazines, doing design and generally having a very dynamic lifestyle.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки