Tag Archives: Шар Планина

Се финализира процесот за прогласување на Шар Планина за национално богатство

IMG_20180611_100331_shar planina

Со финализирањето на процесот за прогласување на Шар Планина и Осоговските планини за заштитени подрачја ќе се зголемат можностите за прекугранична соработка со соседните земји, посебно од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Истовремено, додаде тој, заштитата на овие подрачја значи …

повеќе »

Првиот новосезонски снег на Шара

-1574015458946 titov vrv shar planina popova sapka ceripasina bakardan

Иако имаме невообичаено топла есен, снегот веќе се смести на високите Шара и Кораб. Не очекува сличен период без многу врнежи, но доколку движите во високите зони, добро е да носите комплетна зимска опрема и да се движите внимателно затоа што веќе се формираат ледени лизгави зони. Дневните минимални температури на 1500м до 5°C , 2500м околу 0°C. Фото Даниел …

повеќе »

Амбиент од Голема Враца, Шар

43599423_golema vraca shar planina

Фотографии на Љупчо Јовчевски – ПД Трансверзалец Амбиенти и пејсажи кои не се секојдневие беа дел од есенска тура од Попова Шапка – Голема Враца – водостан “Маздрача”, дел од петтата делница од западната Македонска трансверзала во должина од околу 33км Врв 1/12: Голема Враца на Шар Планина (2582 мнв) , во состав од 22ца учесници-планинари организирана од Планинарски предизвик „12 Врвови“ и Планинарско Друштво Трансверзалец

повеќе »

Ливадарење на Боговињско езеро и Бориславец

Bogovinjsko i Borislavec, Shar planina 00

Повторна средба со Боговињско езеро и Бориславец  Мојата средба со Бориславец минатата година беше во благо очајни услови, а самиот тој беше навистина негостопримлив. Поучен од тоа искуство овој пат кон него пристапив со страхопочит и посебна внимателност. Сепак се работи за врв над врвовите. Најмоќниот! Разликата со минатата година беше тоа што овој пат на посета решив да му …

повеќе »

Планинарење до Караникола, Шара

karanikola lake shar planina

Тура погодна за секој период од годината, а доколку сте мераклии на бањање во студена вода, тогаш движите во добар правец. Најдобар пристап има преку село Вешала (1250m), па после 6-7 км пешачење или 3 часа, пристигнувате до Караниколички езера (2210m). Големото езерото е сместено во седлото измеѓу врвот Караниколица  (2409m) и Шереметница (2350m).  Турата е погодна и за камп, а патеката …

повеќе »

Јунска сноуборд сесија – Мал Турчин, Шар Планина

IMG_20180609_145658_zlatko ljoljo snowboard shar planina mal turcin skimacedonia

Дали е конечно фајронт со снегот? Да, генерално останаа големите компресирани/ледени блокови снег низ кулоарите на највисоките Шарски и Корапски врвови, но летото неофицијално е тука. Ни преостанува да ја уживаме зелената и умерена страна на планината, одмарајќи се од интензивните снежни стории. Деновиве, Златко реализираше летна шема низ стрмниот кулоар под Мал Турчин 2703 метри, каде снегот ќе пружа …

повеќе »

Конференција за иднината на Шар Планина

Shar planina Ljuboten

Во организација на „Пријателите на Шара“, денес ќе се одржи конференцијата „Одржлива иднина за Шар Планина преку формирање на заедничка визија и прекугранично советодавно тело за Шар Планина“. Конференцијата се организира во рамки на два проекти што ги спроведува Платформата „Пријатели на Шара“, а на овој настан ќе бидат презентирани резултатите од трибините што се одржаа изминатиот период во сите шест општини Полошкиот …

повеќе »

Aутдоор низ Шарa

leshnica shar planina balkan hiking adventure

Добро видео на Садик Абдирахими за аутдоор активностите низ Шар Планина. Садик е планинарски водич од тетовскиот крај и е активен преку неговата организација Peaktrip.    

повеќе »

МТБ на Шара? Мало морген…

31490744_shar planina popova sapka mountain biking

Големиот снег кон Лешница не ни дозволи да продолжиме кон планираната бајк тура, па остана “само лабаво”. Периодов некои делници на Шара ниту се за скијање ниту за точак. Етузијастички се залетавме да направиме кружна тура на потегот, Попова Шапка, Лешница, Бродец, Вешала, Шипковица….Иако очекувавме кал, вода од сите страни, а секако и снег на патот, оптимиситчки тргнавме со мисла …

повеќе »
Оди на лентата со алатки