Додека многумина низ Македонија, Пелистер не го ставаат воопшто во мисла како дестинација за скијање и зимски одмор, таа моќна планина е атрактивна за странските гости кои знаат да уживаат во снежниот рај и туристичката понуда на Баба Планина. Во прилог малку фото амбиент од уживањето на група австриски туристи деновиве, кои на толку алпи и снег ете ги сепак овде кај нас низ големата планина на југот.
Покрај ски патеките на Копанки и Нижо Поле кои се во функција секој ден, на Пелистер работи и единствениот cat-ski оператор, SF Freeride – Шумски Фенери, кој нуди атрактивно, возбудливо скијање кое е популарно кај новите типови на туристи.
Дел од амбиентот и преку наша видео репортажа