Вакво нешто не гледаме секогаш, водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун отвори нов скијачки центар во Јангдок фалејќи ја војската чија посветена работа ги води луѓето кон модерната цивилизација.
Лидерот Ким ја пресече лентата на отворањето на овој зимски рекративен скијачки и спа центар, чија цел беше да ужива, како што рече, високо ниво на цивилизација во социјализмот. Тој, ги пофали војниците за изградба на „прекрасна и совршена зграда“ што одговара на напорите на владејачката партија да ги одведе луѓето во модерна цивилизација, јавуваат државните медиуми.
Државната телевизија прикажала снимки од одморалиштето со хотели со покрив со црвена покривка, термални извори на вода и парк за јавање. Илјадници војници и граѓани мавтаа со знамиња, а децата беа пречекани од Ким.
Зимскиот центар Јангдок, кој започна со изградба минатата година, е еден од најголемите развојни проекти на Ким.
Замислете на северно-корејскиот лидер, да му спомнете скапи ти се картите!