Регионот на Охрид и југо-запад со СОС број за спасување во планина

ohrid-vovede-sos-broj-za-spasuvanje-na-planina galicica

Планинската спасителна служба во Охрид воведе СОС-број, кој ќе биде во служба на планинарите, скијачите, алпинистите, велосипедистите, параглајдеристите и сите оние кои движат низ планинските предели и имаат потреба од асистенција. Преку СОС бројот 13 112, од сите мобилни мрежи ќе можат директно да се обратат до спасителна служба и да побараат помош.

Службата дејствуваа на територијата на Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани и Ресен, но по потреба ќе ги препраќа повиците за помош кон преостанатите одговорни служби за соодветен регион.  Преку оваа линија за прв пат од државата се воведува ваква практика за директен контакт со спасителна служба при несреќи на планина.

” Ние сме единствен регион што на ваков начин го решава ова прашање. Овој број е сличен со другите бореви што се користат низ Европа за оваа намена, односно 112. Сите што се движат низ планина кога ќе имаат проблеми можат да ни се јават на овој број” изјави Антонио Додевски координатор на проектот дел од спасувачката служба на планини при Црвениот крст.

“Во фаза сме на градба на посебен центар за спасување на планина, во кој ќе бидат сместени возилата, опремата, како и на оперативен и тренинг-центар од каде што ќе бидат менаџирани и контролирани сите операции на терен. Планираме да направиме и апликација за мобилни телефони од каде што брзо ќе може да се повика помош, која ќе ја олесни конекцијата со засегнатите лица. Ова е со намера да се скрати времето за воспоставување повик, лоцирање на лицето, излегување на терен и, секако, за дејствување” напомена Антонио Додевски.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки