Конечно го имаме и датумот за оваа година и на 4 мај продолжуваме со новото издание на најголемите качувачки приказни. REEL ROCK 12 премиерно ќе ги претстави новите кратки филмови кои ќе ви донесат возбудлива акција, голема смеа и вистинска инспирација. Сето ова на отворено, во градскиот парк, на Школка, во рамките на Скопскиот спортски фестивал, каде покрај REEL ROCK проекциите ќе имате прилика да присуствувањте на богата спортска програма!
REEL ROCK качувачкиот документарен серијал стигна до своето дванаесетто издание, во чии рамки ќе биде повторно претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на качувањето. Оваа година вклучувајќи ги приказните за Марго Хејс, првата жена која искачила на 5.15; Бред Гобрајт, надоаѓачката соло ѕвезда со зависност од крофни; враќањето на Крис Шарма на deep water solo сцената, и многу повеќе.
Подгответе се за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам! Во продолжение проследете кои се филмовите од овогодишниот REEL ROCK, а во претстојниот период ќе следуваат уште информации за овој настан.
BREAK ON THROUGH
Во современото качување, 5.15 е врвот на скалата на тежина, оценка постигната само од неколку мажи, а никогаш од жена. Марго Хејс, малку позната 19-годишна качувачка од Болдер, Колорадо, е решена да го промени тоа. За да биде поблизу до најтешките насоки во светот таа се сели во Европа каде тренира и качува со цел да успее на две од најпознатите 5.15-ки во Франција и Шпанија. Но, туркајќи го своето тело и ум до апсолутната граница, таа ризикува да се повреди и да не неуспее во нејзината намера да биде првата.
НАД МОРЕТО
Крис Шарма останува најголемиот светски практичар на deep water солирањето – качување без јаже над морето. Десет години по култното искачување на величествениот лак од страна на неговата генерација, Крис се враќа на медитеранскиот остров Мајорка, каде што открива убав, широк ѕид со мали фаќалишта. Ако може да ги поврзе движењата и да ги издржи бројните тресоци во морето од кој застанува срцето, ќе го утврди она што може да се нарече најтешкото deep water соло искачување во светот.
За повеќето алпинисти, безбедноста е на прво место. Но, Бред Гоблит дефинитивно не е повеќето алпинисти. Наполнет со старите крофни и неспречуван од стравот од паѓање, овој млад талент ги турка границите на застрашувачко традиционално и фри соло качување. Откако преживеа неколку големи падови, Бред е решен да го направи најсмелото искачување досега – првото фри соло на најтешката и најизложената насока од која ви запира срцето.
ОТСЕЧЕНО
“Не сакам да бидам позната само како качувач со една рака”, вели Морин Бек, “само сакам да бидам добар качувач”. Морин Бек можеби се родила без долниот дел од левата рака, но тоа не ја спречува да удри јако. Качува 5.12 и паѓа врз надвиснатите болдери, додека мава пиво. Но, таа не е тука за да биде ваша инспирација. “Луѓето велат: Гледај, качувач со една рака, сега немам изговори. Но, јас им велам: Пријателе, ти никогаш не ни требало да имаш изговори”. Морин е тука за да го скрши стравот – со една крвава рака помагајќи си да стигне до врвот.