Следи го настанот
Што е Red Bull Homerun?
За првпат им текна пред околу 15 години, реализиран на австриските Алпи создаден за сите оние вљубени во зимските спортови, планините и снежната идила. Скијачите и бордерите се спојуваат на една голема трка која најчесто започнува на највискотата точка на ски центарот и завршува до најниската точка на почетокот во базата на ски центарот. Доброто познавање на стазите (во случајов Маврово) ќе ти помогне во калкулациите за победа.
Време и локација на натпреварот?
Ски центар Маврово, 15:00 часот, 15 февруари, сабота, 2020 година
Каде е стартот?
Трката започнува од горниот дел на жолтиот лифт, преку синиот и средна станица, до двосед патеката, а низ неа полна гас надоле до целта.
Како оди натпреварувањето?
Red Bull Homerun не само што ги тестира твоите скијачки и борд вештини, туку и твојата физичка кондиција и брзина.
Една работа која е карактеристична за оваа трка е големиот старт со трчање. Натпреварувачите треба да ги постават своите скии и сноуборди на земја одалечени на 100 метри од нив т.е стартот. Само по знакот за старт може да почне да трчате до вашата опрема, да ја облечете во најкратко можно време. Потоа, најдете ја вашата идеална линија на обележаната патека до целта. На стартот сигурно ве очекува турбуленции и смешни пресврти, затоа треба да си брз, агилен и целосно фокусиран да стигнеш до твојата опрема, да ја прикачиш без да се сопнеш и превртиш врз девојката или дечкото покрај тебе.
Како да се пријавам?
Секој кој има повеќе од 18 години може бесплатно да се пријави. Пријавувањето е онлајн овде.
Сите што се пријавуваат онлајн дресовите може да ги подигнат до 11 часот на 15 февруари, сабота, 2020 година.
Останатите можат да се пријават на лице место на 15 февруари, сабота, 2020 година до 13:00 часот. Пријавувањето е пред Ски Школа – Маврово.
Што има после трката?
Кога сите ќе слетаат на целта, Red Bull Homerun сè уште не е завршен и продолжува со apres ski забава како интегрален дел од програмата за да се прослават најуспешните и да се издискутираат случувањата на тема, како се дотркалав до целта…возбудата од терен ја носите и се инсталирате во Ски Школа.
Не заборавајте на ски патеките да се појавите маскирани, најдобро маскираниот натпреварувач добива награда!