Неколкуте поинтересни ски центри во Европа за Après провод “after party”

За многумина, забавата после скијање и сноуборд испаѓа легендарен дел од турата, “на по една” после бордање/скијање кое набрзо ескалира колку што се има пари во џеб завршува со неколку испиени тренди јегери/пива играјќи ентузијастички далеку повеќе одколку што сте очекувале, смеејќи им се на скијачите кои прават смешни маневри едвај движејќи се во нивната опрема. Понекогаш после напорниот ден на планина и снег тоа изгледа невозможно, но сепак релаксира дополнително. Овa се центрите кои се поинтересните во Европа без редослед кој е прв, кој е најдобар…Val dIsere, France

Val dIsere, France

Градот е преполн со “good-looking”  луѓе кои ги трошат парите на своите родители, но тоа не треба да ве вади од кожа. Има бројни барови и ресторани кои ја заслужуваат репутацијата за забава. На располагање е и The Mountain Echo бесплатен магазин кои ги листа информациите за настани во живо, добра музика и специјални понуди.
Ако сакате да бидете прскани со шампањ качени на маса на располагање ви е Folie Douce одлепен клуб на ски терените, но со релативно високи цени, The Morris паб за музика во живо наспроти ESF Bluenote пријателиски бар за сезонски туристи. Ако и тоа ви е малце остануваат неколку клубови полни со скандинавци и британци кои ќе ве “заглават” до доцна.

Val Thorens, France

Val Thorens, France

360 степени барот и La Folie Douce се клубови на отворено кои ја започнуваат забавата рано на стазите после 13 часот, а подоцна на враќање во градот со мнозинство британски туристи барови и пабови како The Frog and Roastbeef кои е  прилично добар и како што тврдат највисок во Европа. Red Fox дополнително добар за “happy hour” понуди…

Ако сте љубител на холандски и шведски амбиент на располагање се Viking, Tango и Café Snesko (овој веројатно го држи некој од “нашите” J )
Места каде што може да се “потопите” за крај се Le Baramix или The Underground и после тоа директно на снег.

Les Deux Alpes

Les Deux Alpes, France

Поставеноста на центарот е посакуван кај сите на алпите, но како и повеќето француски центри, архитектурата е прилично хаотична со микс од блокови на апартмани изградени во 70ти и дрвени хотели.  Како и да е има голема понуда на услуги и забава после скијање, спортски комплекси, кино објекти, куглани, вештачки карпи за качување. Добар е ако сте шопинг манијак, ви стојат на располагање и неколку добри сноуборд продавници. Ноќниот живот движи седум дена во неделата од утро до зори. Постојат неколку точки кои треба да се проверат, Smokey Joes, Yeti Bar Smithy’s кој станува хаос подоцна во ноќта. The Red Frog или Pub Le Windsor кои поседува масивно виски мени. Ако уште може да стоите ви остануваат L’Avalanche или  L’Opéra.

Courchevel, France

 

skijanje-francija-nehar-travel-2020

Courchevel, France

Има неколку начини за забава во стилот Куршвел, од собири со удобни бунди и Мишелин препорачани ресторани па се до стандардна понуда од разни барови со жива музика и dj. Ноќниот живот тука е малку дисперзиран заради распространетоста на населбите. Винскиот бар  The Cave des Lys изработен во “chalet” декор има добра атмосфера, најдобар бар во моментот е  Drop Inn

Во зоната 1550 Taverna е добра за на кратко, аL’Escourchevel за музика во живо, The Funky Fox ја поседува главната забава во областа 1650 и е отворен до 4 наутро. Le Mangeoire клубот е локација каде што може да си ги удирате рамењата при разминување со богатите и славни.

Chamonix, France

Chamonix, France

Chamonix има репутација на добар ноќен живот , каде што може да се најде се па и клубови во кои се слуша стара квалитетна музика од 70ти или 80ти наспроти хаотичната комерцијала во стандардните тренди клубови. Soul Food е такво нешто, клуб каде што може да слушате и џаз, фанк и соул. Како и повеќето места во долината локалите затвораат околу 2 после полноќ. После тоа ви останува Le Tof кој традиционално е геј бар, но сепак има забава за сите (чувајте си грб за сваки случај што би рекол поранешен ЈНА командир).

Sölden, Austria

Sölden, Austria

Овде ќе ги наведеме само некои  стрип клубови кои се отворени до 5 сабајле, конкретно Hasenhütte и Rodelhütte кој можеби ќе ве заситат ако по долгиот ден скијање, јадење и пиење низ разно разни барови и ресторани не сте го постигнале зенитот.

Ischgl, Austria

Ischgl, Austria

Ако сте заситени од еуро поп музика и од тоа да бидете гужвани по баровите, тогаш ќе ви бидат потребни најдорбите работи од Ischgl. Селото е прилично компактно со главна улица која води од едниот до другиот крај прилично брзо. Schatzi Bar во хотелот Елизабет близу Pardatschgratbahn“пумпа” до 3 после полноќ. Во главната населба има повеќе барови близу стазите како што е дрвениот бар Trofana Alm, а близу Silvretta Platz има уште неколку.Kuhstall овде е најголем и најжив се до затворање во 2 после полноќ. Коктел барот Allegra кој прави добри коктели и храна е малце повеќе “искулиран” и тендира да биде место каде локалците се опуштаат. Опуштени места се цигара барот Guxa, како и Golden Eagle и  Kiwi Bar.

St Anton, Austria

St Anton, Austria
Атрактивен град и најголем дел од случувањата се лоцирани на главната пешачка улица. Има повеќе фенси хотели , парите летаат насекаде, има наплив на добри бутик хотели мали и скапи, но како и да е успева да има добар баланс без да се достигне наметливост и тенденциозност.

Verbier, Switzerland

Verbier, Switzerland

Вербиер е преплавен со кеш и цената на пијалоците во градот се поклопува со цените на пијалоците во баровите сместени на ски патеките во француските центри. Пабот Mont Fort е популарно сврталиште, посебно за сезонците. Слични локали се T-Bar во хотелот Central или Big Ben пабот. Ако имате потреба од клубови за “заглавување” тука се Casbah и Farm club, овој вториот не е за посета ако имате лимитиран буџет, пошто ќе ве отворат со шише водка од 100 швајцарски франци.

Zermatt, Switzerland

Zermatt, Switzerland

Швајцарија како зимска дестинација ја има репутацијата на премногу клиничка , но Цермат настојува да се издвои и да се забавува квалитетно после цел ден поминат на снег.

Забавата почнува на патеките во Hennu Stall со музика и бендови во живо близу базата, тешко е да се пропушти ако доаѓате од Матерхорн. Ако го минувате денот на Sunnegga тогаш ќе бидете притиснати да го пропуштите Snowboat Cafе кое само по себе вреди како Просеко шампањот, сместено близу влезот на гондолата. За подоцна има неколку локации како Papperla Pub кој фунцкионира на отворено, а навечер на затворено. Тука е и клубот Schneewittchen кој работи доцна во ноќта. Дополнително на главната улица има неколку барови и ресторани кои дополнително ќе ве нахранат со забава.

 

 

Преглед на ски тури Француски алпи Нехар Травел

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки