Изминативе десетина дена снегот ептен ги почасти битолчани и Пелистер, па покрај ски центрите Нижо Поле и Копанки, вистински рај има во зоната на планинарскиот дом Широка и врвот Пелистер. Во зоната на ски центрите има од 40-60 см снег, а над 2000 м и повеќе од 100 см. Можностите за турно скијање и скијање со ратрак се практично без лимит. Метео прогнозите се позитивни, снег си клават, а вие само си се качвите и уживате!
фото Александар Буневски