Наскоро панорамска 360 од Водно

Наскоро преку панормаска 360 камера ќе имаме можност да го следиме северниот дел на Македонија, скопскиот регион 24 часа, Водно, Караџица и Шар Планина далеку во хоризонтот. Бенефит кои ни го овозможи А1 Македонија. Дигитални придобивки кои ќе придонесат и за подобра обсервација на временските услови во овој дел од Македонија. Шар Планина, Попова Шапка е следната дестинација за панорамска вебкамера и покрај тоа што таму веќе располагаме со 3 стандарни формати на вебкамери. Дополнително во вебкам системот планирани се и регионот на Пелистер и Кожуф. Со сите овие операции како и со планираното поставување на метеоролошки станици во сите ски региони за следење на временските услови во реално време на ново дизајнирана платформа, Македонија преку skimacedonia.mk ќе добие информативна веб страница со водечка технологија во регионот и пошироко.

vodno-panoramic360

Од почетокот на годинава во ски центарот Маврово корисниците преку нашата веб страна имаат можност да следат во живо 24 часа и панорама на националниот парк Маврово, Бистра и Кораб.  Новина секако беше и 24 часа слика од Пониква, Крушево и национел парк Галичица.

mavrovo panorama

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки