Lel Tone професионалец која води со нејзиното срце

Lel Tone води со нејзиното срце

Tone ја разви својата репутација како влијателен snow-safety професионалец и водич која мирно ги менаџира екстремните ситуации. Но дури и најхрабрите ги прогонуваат демони.

Во нејзината удобна (cozy) куќа со врата во боја на црвена цреша во близина на cross-country ски центарот Tahoe City, California, Lel Tone пржи лосос кој самата го уловила. Отвара шише вино и сецка брокула на дрвена даска. Таа е ситничка плавуша со нецели 160см, но многу силна, со остри црти но со впечатлива насмевка.

“Многу мали работи може да тргнат наопаку доколку си во брзање” вели таа додека систематски сецка. “Исто како кога си во близна на хеликоптер, доколку не ја затвориш вратата како што треба или не ја врзеш скијата како што треба……..мора да се движиш побавно и наменски односно да бидеш присутен во моментот и фокусиран.”

Ова е генерално добар совет во животот, но императив за животот посебно на Lel Tone.

Додека градеше успешна кариера на планините, тоа и појде од рака благодарение на крајно високо ниво на внимание и претпазливост. Треба да ве заплашува, но не може да бидете исплашени од неа бидејќи е премногу фина.

Најнапред, нејзиното реноме: Lel Tone, 48 години, таа работеше како водич за heli ski на Аљаска за последните 18 години – како главен водич заедно со Chugach Powder Guides и Tordrillo Mountain Lodge. Ги водела планинарите, скијачите и филмскиот екипаж на Warren Miller околу Chugach планините низ јужна Аљаска (свртилиште на аутдор ентузијасти). Исто така е ски патролер цели 24 години и е една од ретките патролери кои ја водат секоја лавински контролна рута на планина. Таа е сертифициран инструктор на American Institute for Avalanche Research and Education.

Во 2015, Tone беше во победничкиот тим на National Geographic Channel под назив “Ultimate Survival Alaska,” каде таа и уште еден партнер беа фрлени среде дивината на Аљаска со минимални намирници. Тие ја победија конкуренцијата составена од бивши Navy SEAL и ветерани планинари, низ пространства како глечери, врвови и замрзнати реки.

Lel Tone Leads With Her Heart ski touring guiding ski patroler backcountry
Ски патролер, водич, инструктор Lel Tone е важен ментор за безброј скијачи

Таа како бивш натпреварувач во планински велосипедизам, водела екипи на off-road трки низ пустини живеејќи во камионче во Baja, Mexico, по неколку недели, а главна е и во педлбоардинг.

Tone е буквален преживувач низ планините, но исто така е и само човек со свои стравови, несигурности и нежност. Во дисциплина како водич за хели-ски операции и ски патрола каде главна карактеристика е да се биде мачо и храбар, Tone над сето тоа е ранлива.

“Постои перцепција дека Lel е вистински опасна и многу силна, по спремна од многу фит луѓе многу помлади од неа,” вели Maura Mack една од најдобрите пријателки на Tone последниве две декади. “Но доколку ја познавате добро, ќе видите дека таа живее пред се со срцетои многу се посветува на вистинско поврзување со луѓето.”

Кога Mack прв пат ја запознала Lel Tone, во Аљаска, средина на 1990те, Tone ја понудила Mack, тогаш целосен странец во нејзиниот комби-ван за јадење што се вели сред пустелија и била многу срдечна”. Mack се присетува “Бев навистина допрена и изненадена од нејзината гостопримливост и внимание.”

Lel Tone Leads With Her Heart ski touring guiding ski patroler backcountry (2)

За разлика од повеќето планински водичи кои се ладни и саможивни (егоисти), Tone има едно ретко ниво на емпатија и сочуство и токму тоа е најголемата нејзина вредност во ургентни ситуации. Таа ќе ви помогне при незгода со велосипед, ќе ги санира повредите, а потоа ќе ви јави вечерта да провери како сте. На backcountry тура, ќе ја потенцира зоната која е најбезбедна за спуштање и дозволува вие први да пројдете.

“Таа не се труди да биде некој што не е, ниту да импресионира други” вели нејзин колега Scott Schell, извршен директор Northwest Avalanche Center. “Испаѓа дека многу спортисти или водичи во планинските спортови се трудат да бидат легенди, но не и Lel.”

Од каде доаѓа сета таа сочуствителност? И зошто го подредила животот на планина да ги спасува другите кои се изложени на најопасни ситуации? И доколку е толку посветена во помагање на другите дали ќе може да се спаси себеси? За да ги најдете тие одговори, мора да се навратите на периодите од нејзиниот живот кога тарумите го одредиле патот натаму и одлуката на кој начин да се турка низ животот.

LESLEY TONE е родена во New York City, но нејзините родители долетале со неа во Швајцарија кога била неколку дена родена. Нејзиниот татко, Pascal Tone, бил претседател на American колеџот во Lugano, Switzerland, па таму од најмала возраст и нејзиниот помлад брат пораснале, посетувајќи Католичко училиште и говорејќи Италијански.

 

Lel Tone Leads With Her Heart ski touring guiding ski patroler backcountry (3)
Ски патролер, водич, инструктор Lel Tone е важен ментор за безброј скијачи

Секоја среда како дел од училишна програма цел автобус полн со соученици оделе на скијање во најблиските скијалишта, а со нејзиното семејство кога се вратиле во САД кога имала 10 години се населиле во северен Massachusetts, по што ги поминувале викендите во Vermont на скијање.

Имала доста пријатно, лесно детство се до денот кога нејзината мајка исчезнува. Кога  Tone имала 15 години, нејзините родители биле на патување на Карибскиот остров St.Barts. Нејзината мајка, Sandra Tone, заминала на прошетка на плажа и никогаш не се вратила. Таткото на Tone и локален полицаец ја барале Sandra, но од неа немало ни трага. Pascal долетал дома и ги известил децата дека нејзината мајка исчезнала.

“Се сеќавам на мојот брат кој беше скршен, додека седам таму и го слушав татко ми како не можат да ја пронајдат мајка ми, сфатив дека морам да превземам поголема улога веднаш” се сеќава Tone. “Мора ова да е најбрутално нешто за еден татко”

Без нејзината мајка и нејзините татко и брат во неверување, Tone немала избор освен да застане посилна од било кога и да помогне да ги вратат во нормала нивните животи и да се вратат на колосек. После четири години од настанот, откога Tone направи 19 години, случајно се пронајдени остатоците од телото на нејзината мајка на St. Barts, но не се разјаснети околностите на нејзината смрт.

“Татко ми е камена потпора и сум опкружена со тој сурвајвл – опстанок однесување, средина во која доминира ставот за опстојување,” вели Tone. “Многу ми служи во животот овој став на преживување и ме води низ зрелите години. Во животот или ќе потклекнете и ќе дозволите да ве скрши или ќе продолжите напред. Има такви финални моменти каде треба да донесете одлука: можете да дозволите некоја работа да ве скрши или ќе ја надминете и ќе се надоградите со таквите искуства и ја најдете убавината во тоа.”

Години подоцна, Tone ќе ги скија падините на Аљаска.

Lel Tone Leads With Her Heart ski touring guiding ski patroler backcountry (4)

Во својата кариера Tone била  водич во хели-ски, ски патрола, инструктор , про планински бајкер, но ја задржува својата скромност, добрина и човечност. PHOTO: Christian Pondella

Годината кога е пронајдено телото на мајка и, Tone земала една година одмор помеѓу средно школо и колеџ и се вработила како ски патролер во Maine (најсеверна држава во САД на источниот брег –  Нова Англија). Истата зима се појавила на лице место при судар на двајца скијачи каде младо момче излетувајќи од патеките удира во дрво. Tone се фрлила во акција употребувајќи ги сите вештини совладани на тренинзите претходно, но човекот сепак умира, а тоа бил внукот на сопственикот на ски центарот, Les Otten.

“Во жарот на битката , се шалтате во ауто пилот,” вели Tone. “Правите тоа за што сте обучени но го правите механички, и ги тргате сите емоции на страна.”

После брифингот со нејзниот шеф на патрола си заминува дома и се преиспитува. Но вечерта доживува тешка ноќ будејќи се со лошење и повраќање ” Тогаш за прв пат дознав дека во таква трауматична ситуација вашиот мозок е толку моќна алатка што може да го залаже вашето тело дека сте добро,” вели таа.

Таа нејзина прва работа како ски патрола, не била воопшто лесна но и дала чуство за вистинските опасности како и real-life rescue па таа била навлечена. Навистина сфатила не само дека ја бидува за тоа туку и дека го сака чуството да им се помогне на други кога највеќе им треба помош.

Lel Tone Leads With Her Heart ski touring guiding ski patroler backcountry (5)
PHOTO: Christian Pondella

Во 1990 таа се запишува на Vermont’s Green Mountain колеџот и студира Англиска литература, влегува во Division III ски тимот на училиштето без претходно скијачко спортско искуство. Летото во Колорадо, води деца на јавање водејќи ги backcountry. Таму во тој предел отворен и бришан простор Tone започнува да се пронаоѓа себеси. Колку е подива средината, таа е по комотна со себе.

“Тежнеев по големи планини и поголема дивина,” вели таа. “Морав да поминувам повеќе време во природа.”

По колеџот на 24 години продолжува да работи како ски патролер, а во 1999 година по две години откако нејзин пријател отворил хели ски операции во Аљаска, наречена Points North Heli-Adventures, ја поканил Tone да води и да служи како медицински координатор. Таа била одговорна да ја води и оранизира сета медицинска опрема, да координира со сите локални спасувачки центри и да ги создаде сите безбедносни прирачници.

Таа година води една филмска екипа заедно со надежен профи скијач Dax Willard, на Аљаска за ски филм на кој работеле членовите на екипата со Tone како водич. На последниот ден од патувањето, Tone сакала да му пружи на младиот Willard (21), спуштање со кое ќе може да именува една патека на Аљаска.

Lel Tone Leads With Her Heart
Tone наиде на многу незгоди на планините како и трагедии но повторно се навраќа во дивината каде највеќе се пронаоѓа.

Забележале соодветна линија од воздух, но во последен момент ја смениле рутата и почнале да снимаат, а Tone го следела Willard кој прв се спуштил. Тој напрваил две свртувања, кога почнал  снегот да се свлекува и крши како стакло.

Во тој момент Tone извикала, “ЛАВИНА!”

Willard исчезнува во еден огромен облак од прав и бил вовлечен во теснец со вертикален пад од околу 760 м. Tone веднаш по завршување на лавината се пушта низ ледената површина и се впушта барајќи го момчето.

Еден од филмаџиите “Цело време мислев на родителите на момчето и како ќе им го соопштам тоа дека нивниот син е погинат. Тогаш ја видовме Lel колку беше смирена и како без паника но со голема ургентност се впушта во спасување.”

Стотина метри подоле го најдовме Willard со скиите откачени, за чудо со главата над снегот.

“Кога запрев бев во целосен шок но кога ја видов Lel како се симнува по мене ми дојде целосн олеснување, имав голема доверба во неа” вели Willard, кој на 40 години се уште се занимава со скијање и има свој ски шоп.

Отпосле, Tone пишува во својот дневник дека избрзаната одлука во последен момент за промена на рута, без да се размисли добро, довело до незгодата само заради ефектот на снимање. Никогаш повторно нема да ја повтори таа грешка. Напротив таа ја раширила приказната за ова толку многу низ годините на своите часови по лавинологија како ментор, така што никој нема да ја повтори.

Tone не е безгрешна, таа има пропусти на планините исто како и сите нас, но тоа што ја разликува е дека овие грешки ги канализира во можности да научи и да се надогради. Сепак, траумите си земаат данок, а бидејќи таа се води сод рцето, тоа и најчесто страда кај неа.

Последниве години беа тешки за воглавно цврстата Tone. Во 2017 нејзин пријател и колега од ски патрола, Joe Zuiches, загина во детониран експлозив за лавина додека спроведувале рутинска контрола. По неговата смрт, Tone била таа која ја довела сопругата на Zuiches, до местото на планината каде нејзиниот сопруг загинал.

Lel Tone Leads With Her Heart (2)

Ова лето, Tone ненадејно почна да страда од акутна тешка депресија за прв пат во животот. Тоа било еден вид бледо долгомесечно безнадежие што значело дека пати од несоница, но исто така без желба да стане од кревет.

“Најтежок период во мојот живот и најтемно место за мене лично. Мислев дека ќе го пребродам ова достоинствено, но не секогаш имате одговор за работите.” вели Tone.

Нејзините пријатели и помогнаа да се извлече од оваа бездна додека таа побарала професионална помош на најразлични места.

“Тоа беше тотална спротивност на нејзината личност, каква што е таа во нормала,” вели Mack. “Никогаш ја немав видено таква претходно, таа беше искрена и отворена околу тоа низ што поминува, но очигледно беше во агонија.”

Во март 2018, кога водичот на хели-ски компанијата Whistler, Lisa Korthals, ветеран и ски планинар, долгогодишен пријател на Tone, загина во лавина додека водела во British Columbia. Нејзината смрт драстично ја погоди Tone.

По толку многу години гледајќи секакви неубави ситуации кои се случуваат на луѓето на планина, Tone почна да чуствува тежина. Декади на многу стресни моменти и трагедии пред нејзините очи почнаа конечно да ја заморуваат. Депресијата била само одраз на тоа и на некој начин одговор на нејзиното тело како да вели  “Не можеш да пројдеш преку сето, а да останеш најсилното лице очи во очи со траумата.”

Знаела дека треба да одбере: или да се подреди на овој живот и да понесе се што доаѓа со тоа или да си замине засекогаш.

“Има времиња кога си велам, Не го сакам ова. Не сакам повторно да се најдам во ваква ситуација и да ги носам овие грижи” вели Tone. “Но во ралност ова е животот што го посакувам. Ова е животот што ми дава адреналин па мора да се соочам и да си кажам во еден момент: Дали ова го одбираш? Ако го одбираш овој живот тогаш повторно ќе се соочиш со вакви ситуации. Ова е дел од животот кој го бираме.”

Lel Tone Leads With Her Heart (3)

Природно, таа се понела со сето тоа и се посветила на истото. Прифаќа дека животот што го избрала носи неминовно многу тага и скршени срца. Но таа со својот став на весела и позитивна, пред се чуствителна природа не може да биде тврдиот орев како војник на поле. Таа е таков човек.

Минатата пролет, Tone на аеродромот во Anchorage (најнаселена општина и град на Аљаска) чекајќи карго за да подигне преку 60кг ски опрема за да патува со мал авион до Tordrillo Mountain Lodge. Беше целата изморена, но и возбудена бидејќи имаше нова сезона за водење пред неа.

Пред да полета за Аљаска, таа обои еден прамен од косата со виолетова боја без посебна причина освен заради самата себе, да се потсети дека животот е убав и непредвидлив, па и таа може да биде таква.

Survivor in this world is all

Сторија издадена за американскиот POWDER магазин, Megan Michelson.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки