Ако сте во размислување за купување нова скија, водечкиот бренд Fischer преку Спортбајк Скопје ги препорачува овие модели кои ги има на лагер, но на располагање ви се и водечки модели Fischer The Curve, фрирајд моделот Fischer Ranger.
Pro Mtn 95 Ti – Ви требаат стабилни скии што можат да прават се? Како истовремено скијата цврсто да ве држи на најзамрзнатите писти , а притоа да можете да уживате и во длабок снег? Fischer моделот Pro MTN 95Ti се совршените скии што ги барате. Формата на скиите како и употребата на појачаната Titanal сендвич конструкција им дозволуваат на поискусните скијачи бестрашно и самоуверено да ги поминат сите препреки на терените од недопрен снег па до замрзнати блокови. Fischer успеа да направи фантастична комбинација на маневрирање со моќ во овие ски, правејќи ги едни сенаменски скии предвидени за експертско ниво за секој дел од планината. Достапни големини од 170 см до 186 см.
Ranger 115 XT – Ranger 115Xti е пример и еден од знаменосцит за freeride скија. Додека скијањето на стаза не е проблем, самата архитектура на скијата и ширина во средишниот дел ја прави скијата да преферира длабок снег и големи планини. Достапни големини од 178 см до 196 см.
RC4 Worldcup SL – Доколку се сметате за врвен скијач, тогаш оваа скија е правниот избор за вас. Ова натпреварувачка скија е за тие што преферираат да скијат на тврда подлога повеке од длабок снег, со дизајнирана подлога за совршено вртење. Достапна во големина од 155 см до 165 см.