1. Секој скијач е должен да се однесува така што нема да го попречува и доведува во опасност скијањето во околината.
2. Скијачот е должен да се прилагоди на своето знаење, теренските, временски прилики и бројот на луѓе на патеката.
3. Должен е да се прилагоди на рутата, така што нема да се загрози скијачот пред себе.
4. При претекнување треба да се остави доволно простор за безбедни маневри на двајцата скијачи.
5. Секој скијач кој се приклучува на скипатеката или застанал и повторно тргнува, мора да погледне, дали со своето тргнување не загрозува други скијачи во негова близина.
6. Не е дозволено застанување на непрегледни места, доколку сте паднале на таква точка тргнете се веднаш, преставувате опасност за себе и околината.
7. Качувањето и симнувањето по ски патеката треба да се прави по нејзините краеви.
8. Почитувањето на знаци и предупредувања е должност на секој скијач.
9. Должни сте да им помогнете на сите оние кои при скијање се нашле во невоља на патеката, како и да ги известите ски патролите и медицинските екипи.
10. Секој кој е сведок или учесник во незгоден случај без разлика кој е виновен, должен е на надлежните органи да покаже документи за идентификација.