Не така често ги имаме златните денови, оние кои многумина ги бркаат и за нив се спремни секој ден, за секое место. Свежиот прашкаст снег е вистинско задоволство, а сцените за “давање” најчесто ги гледаме на друго место…но деновиве скоро низ цела Македонија имаше таков снег, Маврово наликуваше на јапански Нисеко, шума, длабок снег и бескрајна радост.