Водно
Водно
Средно-висока планина сместена во јужниот дел на градот Скопје. Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м, каде се наоѓа и Милениумскиот крст – најголем крст во светот. До крстот сообраќа кабинска жичница Допелмаер (Doppelmayеr).
Парк шумата Водно, претставува рекреативно-културен предел на кој се наоѓаат повеќе локации за излет и бегство од градскиот метеж, трим патеки, патеки за планинарење, планинарската маршрута Скопје-Водно-Матка со должина од 18.5км од кои голем дел по сртот на планината, планински велосипедизам, параглајдинг, а во последно време со изградба на кабинската жичница стана интересна и за љубителите на зимските спортови. Тука се наоѓаат и неколку планинарски домови и објекти кои се користат од планинарите и рекреативците најчесто во текот на викендите.

Настани
Настани
Сите настани се поврзани со градот Скопје.
Природни убавини
Природни убавини
Во реонот на Водно и кањонот Матка, се наоѓаат бројни туристички локации како што се цркви, манастирски споменици, етно село во близина на Св.Пантелејмон Нерези, пештерата Врело (истражени 212м) една од најдлабоките пештери во Европа и Светот. Планината заедно со регионот околу кањонот Матка е богата со растителен и животински свет. Од растителниот свет на планината може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија од кои најзастапен е дивиот костен, бреза, липа, даб, габер, потоа од зизмелените најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно. Со помала застапеност е и смреката, а има застапено зеленика и ели кој се со незначителен број. Од животинскиот свет може да се сретнат, ситни животни еребица, зајак, лисица, верверичка, куна, змии, а од крупните, дивата свиња, срна, елен, волк.Од растителниот свет на планината може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија од кои најзастапен е дивиот костен, бреза, липа, даб, габер, потоа од зизмелените најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно.
Техничка опременост
Техничка опременост
Жичница “Милениумски Крст” се наоѓа на надморска височина од 570 метри со должина од 1600 метри и висинска разлика од 480 метри. Се движи со брзина од 6 метри во секунда и до врвот носи за помалку од 5 минути. Располага со 28 кабини за по осум патници и 2 вип кабини за четири патника. Вкупниот капацитет на жичницата е 1160 патници на час. Секоја кабина има можност за пренесување на велосипед и ски опрема.
Сместување
Сместување