Супер фотографии сподели наш почитуван пријател и долгогодишен фан на скијањето Дарко Стојановски. После премиерата на La Liste | Redefining Steep Skiing, мотивиран од денешното фрирајд и турно скијање, сподели со нас навистина ретки и добри фотографии од далечната сезона 1986-87 година од Попова Шапка, Шар Планина. Како и сега така и тогаш постоеше тој фанатизам да се скија и рано пред и доцна после ски сезоната.
Имајќи ја во предвид разликата во опремата тогаш и сега, со сигурност може да констатираме дека било далеку по тешко да бидеш фрирајдер во осумдесетите.