АНТАРТИК – ПОСЛЕДНАТА ГРАНИЦА

Речиси третина од земјиното копно е покриено со снег, но само еден континент може да се пофали со потенцијал од неискористени снежни предели. Финскиот фотограф Теро Репо заедно со своите пријатели Лукас Дебари и Ксавиер де ла Ру, отпловија до крајните граници на сноубордингот.

“Златното Руно чекаше да отплови кон своето патешествие од соништата”

Есента 2009 година, Ксавиер де ла Ру и Џереми Џонс ангажираа брод до Антарктички полуостров за време на снимањето на Deeper. За само шест дена, тие едвај можеа да ја ишараат околината и им беше јасно дека потенцијалот за сноубординг е практично неограничен. Па така, неколку години подоцна, Ксавиер реши да се врати повторно назад во овој замрзнат рај.

Првиот предизвик, беше да се обезбеди неопходниот буџет. Антартик е едно од најодалечените и најскапи места на планетата за да се стигнете дотаму. Но благодарение на спонозорот North Face тоа стана возможно и достапно. Овој пат наместо брод за крстарење, беше одлучено дека и едрилица би била сосема доволна. После пребарувањето на најдоброто пловило, Ксавиер ја избра волшебната “Golden Fleece” (Златно Руно) и нејзиниот капетан Жером Понсет, еден од најискусните морепловци низ јужните мориња. Имаше само една пукнатина во планот, не помисливме на суровата реалност, немирното море и морската болест…

Така, во Ноември 2012, Ксавиер, Лукас Дебари и остатокот од екипата се качија на авион и летнаа за Фолкландските острови, каде што ги чекаше Златното Руно, за да испловат на патувањето од соништата, сноуборд авантури и откритија.

Land ho! Team Golden Fleece sight Antarctica
Поглед на копно, екипата од Златно Руно

24 Ноември – Сабота Ја земав првата пилула против морска болест околу 6 часот на аеродромот во Сантиаго, 30 минути подоцна се чувствував ужасно, мизерно. Имав вртоглавица и моите раце се тресеа, се чувстував како пијан без алкохол. Попладнето пристигнавме во Порт Стенли на Фолкландските острови. За време на бурата низ преминот Дрејк, останавме во присташништето.

25 Ноември-Недела После вечерата ги подигнавме едрата и го почнавме патувањето кон Антартик. Изгледаше како да одиме на грубо напорно возење.

Yeah buoyTERO_REPO-0199
Бродот Златно Руно

26 Ноември-Понеделник Морската болест почна да удира. Ксавиер се чувствува најлошо од сите. Лично се чувствувам ОК кога лежам , но мојот баланс исчезна. Дури и одењето во тоалет стана мисија.

27 Ноември-Вторник  Заради невремето се движиме супер-бавно. Пловната брзина е само 2-3 наутички миљи (околу 5км/час), а брановите се близу десетина метри. Мислев дека ќе бидам исплашен, но наспроти тоа само се чувствував бескорисен и мал во средиштето на оваа голема бура. Веќе се чувстувам и досадно лежејќи, но ова е единствена позиција во која што се чувствувам комфорно. Телото ме боли. Не знам дали е од лековите или од ситуацијава, но прашања ми летаат низ главава: Дали ќе имаме добро време на Антартик? Дали снегот ќе биде ок за возење? Дали сето ова вреди?!

28 Ноември-Среда Бурата спласна и нашата брзина на пловење сега е 8-9 наутички мили. Изгледа како да сите се чувствуваат подобро. Денес првпат по неколку дена јадам некаков нормален оброк, досега се што јадев беше повремено банана или парче леб. Се уште не можам да стојам или да седам подолго време. Да се биде во кревет лежејки се уште е најдобра опција. Има уште две ноќи додека пристигнеме до Шетландските острови. Дефинитивно светло на крајот од тунелот. Поминувајќи низ преминот Дрејк со едрењак испадна многу потешко отколку што очекував.

29 Ноември-Четврток Се чувствувам далеку подобро. Само што имав добар доручек со сирење, сланина и леб. Дури ни во тоалет не сум бил 5 дена, мислам дека денес може да биде денот. Капетанот кажа дека имаме уште помалку од два дена до Антарктичкиот полуостров.

The Argonauts enter Harpie territoryTERO_REPO-1946
Пристигнување

30 Ноември-Петок Имам голема главоболка. Се надевам дека две апчиња за убивање на болката и едно за морска болест ќе помогнат. Почнувам да ја враќам силата назад. Сигурно изгубив 2-3кг изминативе денови. Во далечината можеме да ги видиме Шетландските острови. Добро е да видиш малку земја, планини и примамливо е да се остане тука на кратко за да се извозат неколку линии……како и да е, одлучивме да продолжиме во правец кон Антарктичкиот полуостров, каде не чекаат вистинските планини.

P-p-p-pick up the pace guysTERO_REPO_XAVIER_LUCAS-2727
Првата средба на копно

 1 Декември-Сабота Од Шетланд до Антартик, морето е повторно немирно. Јас сум заситен од морската болест. Конечно пристигнавме на полуостровот и се чувствувам “масивно” ослободен. Нема повеќе лежење и закрепнување. Погледот е неверојатен. Безброј мали глечери пловат околу бродот, а позади нив огромни планини каде веќе гледаме некои бесмислено стрмни падини. Се е некако нереално, глечерите толку плави, а водата толку бистра. Антартик е дефинитивно најоткачен терен што сум го видел. Лукас и Ксавиер набрзина извозеа неколку линии на еден мал остров. Јас сум премногу возбуден за да ги направам моите први фотографии од патувањево. Го завршивме денот возејќи и сликајки се на еден глечер.

2 Декември-Недела После ветувачкото утринско сонце, надојдоа облаци. Решивме да одиме но ја кренавме кочницата и чекавме два часа заради упорната лоша прегледност. Подоцна, попладнето почна да се разведрува и тргнавме кон една успешна попладневна сесија, првите соодветни линии возења на патувањево. На крајот на денот, пивото е многу вкусно после вакви моменти.

 “Го насукавме бродот во плиткиот залив. Нема излез се до следната плима. Прилично е неудобно мотајќи се наоколу во брод кој е навален 30 степени

TERO_REPO_XAVIER_LUCAS-1546
Да се помине денот до новата плима, Лукас Дебари и Ксавиер де ла Ру

3 Декември-Понеделник Кристоф, пилотот на параглајдерот ја исече и повреди раката. Нема доктори наоколу па Тони, водичот мораше да интервенира и да му ја преврзе и среди раката. Неколку саати подоцна имавме друг инцидент, го насукавме бродот во плиткиот залив. Нема излез се до следната плима. Прилично е неудобно мотајќи се наоколу во брод кој е навален 30 степени.

Додека чекавме, дел од екипата “утепаа” една истакната линија следена од неколку помали, но еднакво добри падини со поглед на морето. Уште еден сончев ден на Антартик.

TERO_REPO_XAVIER_DLR-20061
Една од падините на Антарктик, предизвик за Лукас Дебари

4 Декември-Вторник Сино небо,мирно без ветар. Го живееме сонот на најубавото место на светот. Главните планови се за подоцна кога сонцето ќе почне да ги топи заледените слоеви. За ручек имаме скара.

Рано на пладне Ксавиер и Лукас почнаа да ги искачуваат стрмните падини. Не би сакале да паднете тука, 400 метри висок, 55 степени нагиб кој води директно во ледениот океан. Додека снегот е се уште тврд возењето е супер бавно, но импресивно како и да е. Во суштина сме изолирани без шанси за спасување, па подобро е да не превземаме ризични потези. Безбедноста пред се. Ова е најголемиот ден досега, а Ксавиер отиде и понатаму завршувајки низ 60% нагиб наречен Santo’s Peak.

5 Декември-Среда Немавме конкретен план, само едревме наоколу. После добриот старт со патувањето, сите изгледаат изморено и имаме различни идеи во која насока да одат работите. Атмосферата меѓу екипата е тензична. Дури и капетанот стана уморен заради тоа што немаме соодветен план. Денот помина без возење и снимање.

“Не би сакале да паднете тука, 400 метри висок, 55 степени нагиб кој води директно во ледениот океан”

TERO_REPO_XAVIER_DLR-3186
Како возење по месечината

6 Декември-Четврток- ден на независноста на Финска Пловиме наназад до зоната која ја видовме неколку дена претходно. Повторно е сончево, бевме повеќе од среќни со временските услови.

Го укотвивме бродот на еден леден гребен опколен со масивни глечери. Снимив неколку сцени со параглајдер. Неверојатно е да имаш поглед од птичја перспектива со цел да се донесе малце контраст на фотографиите и филмот.

Бордерите и камерманот искачија една ледена падина од почетокот на морското ниво и направивме неколку супер снимки во акција, возењете беше по истата падина. Се возбудив!

7 Декември-Петок Се разбудив. Не ми се веруваше дека спиев 12 саати. Надвор е малку “млечно” па никаде не брзаме. Изгледа како да станува малку повеќе релаксирано и задоволно по стресната недела.

8 Декември-Сабота Досега имав едно туширање. Се надевам вечерва ќе има топла вода за тоа. За првпат ми недостига домот. Почнав да ги бројам деновите додека ја видам мојата фамилија повторно. Уште 16 дена и ќе го славам Божиќ со жена ми и децата.

TERO_REPO_XAVIER_DLR-2818
Надоле покрај вода

Лукас отиде на непланирано пливање обидувајќи се да премине низ 50 метарскиот брег со неговиот сноуборд. Ксавиер имаше подобра среќа и не се наводени. Направив неколку квалитетни кадри овој пат одблизу на падините.

9 Декември-Недела Најперфектниот ден досега. Без ветар и со птички. Лукас го повреди својот зглоб паѓајки на една падина утрово, а и изгледа невозможно да најдеме добар снег. Ништо посебно не се случи после тоа. Пиев пиво на палубата, планиравме со параглајдеристот Кристоф да имаме снимање доцна попладнево ако успее да го среди крилото што го скрши рано утринава.

10 Декември-Понеделник Конечно се туширав. Се чувствував чудесно со измиена коса повторно. После вчерашната вечерна успешна сесија мислам дека имам доволно добар материјал од патувањево. Тешко е да најдам мотивација за нова сесија утрово. Мислам дека утре одиме на кратко пловење во потрага по китови и потенцијални бранови за сурфање.

TERO_REPO_XAVIER_DLR-1694
мраз, многу мраз, Ксавиер навлегувајќи во амбис

11 Декември-Вторник Плачам како бебе. Готвачката сечеше лук за салатата што ја спремаше за ручек. Храната е неверојатна на ова патување, јадеме квалитетно месо и некои фенси супи и салати секој ден, а имаме и бесконечни купишта на вино и пиво на бродов.

Надвор паѓа снег. Совршен ден да се едитираат и организираат околу 3000 фотографии што ги направив деновиве. Видовме голем син кит, пливаше околу бродот. Беше импресивно. 

12 Декември-Среда Пополека одиме на север. Патувањето преку немирниот премин Дрејк започна, тоа значи дека си одиме дома. Планот е да запреме на Шетландските острови на неколку дена, можеби уште еден ден возење сноуборд таму, го наредивме патувањето со густ тајминг колку можевме подобро.

TERO_REPO_LUCAS_DEBARI-2549
Лукас Дебари, низ стрмните кулоари и ледени пукнатини

13 Декември-Четврток Морето е рамно и мирно, нема ветер воопшто. Го имав моето прво пливање на патувањево. Се чувствувам супер-мојата крв циркулира побрзо. Изгледа дека сите едвај чекаат да се вратат на Фолкландите. После снимањето низ стрмните кулоари во ужасен снег беше јасно дека не остана уште некое вредно возење. Капетанот смета дека ќе пристигнеме за два дена заради ветерот што дува спротивно од нас во моментов.

Попладнето се потрудивме да најдеме некои бранови. Камерманот Гуидо Перини беше очаен да скокне во вода бидејќи го има скијано и сурфано секој континент освен Антартик. За жал сурфање немаше заради тоа што брановите беа доволно големи само за пингвините кои скокаа и се забавуваа во водата.

14 Декември-Петок Денес син ми има тренинг во хокеј. Пропуштам да ги правам дневните обврски со мојата фамилија. Глупаво е што немам време да направам некаков божиќен шопинг додека не пристигнам назад во Европа до Божиќната ноќ. Доцнењето на авионот може да биде проблем. Капетанот ја разгледува опцијата за пристигнување до Фолкландите, но изгледа деке неможе да си одиме денеска, тука сме супер добро заглавени.

 15 Декември-Сабота Преминот Дрејк е рамен. Помошникот го превзема кормилото додека капетанот одмара на кратко. Брановите го нишаат благо бродот доволно за читањето или едитирањето бидат невозможни. Гледањето филм изгледа најдобра опција. Но доколку во следните четири дена остане вака “мирно” ќе се сметам себеси за среќен човек.

16 Декември-Недела Возењето станува малце повеќе немирно. Сите се чувствуваат по малку лошо. Повторно. Помислив да отворам пиво да видам дали тоа ќе помогне, но одлучив да гледам 5 филмови едно подруго наместо тоа. Грбот ме боли лежејќи доле на креветот. Понеделник и вторник изгледа ќе донесат променливо време, ништо посебно, за среќа Ксавиер имаше на располагање многу видеа за гледање.

19 Декември- Среда Бев ептен среќен кога се разбудив. Денес треба конечно да пристигнеме на Фолкландските острови. Скоро е 7 изутрина но сум премногу возбуден за да продолжам да спијам. Истрчав на палубата и видов во далечината малку копно. Времето е ужасно но сите се насмеани, дури и пиво отворивме. Денес ќе биде забавно секако.

20 Декември-Четврток Мамурлак не утепа, но да за го избегнеме отидовме да ја провериме локалната плажа за сурфање. Неколку пива, сендвичи и смеење беа доволни да се ослободиме од главоболка. Ксавиер дури успеа да фати и неколку бранови. Иако ова за мене беше најдоброто патување било кога со прекрасни пријатели околу мене, се чувствував малку тажно. Навистина ми недостигаше мојата фамилија и спремен сум да одам дома. До следнито пат.

 Антарктик дефинитивно е најимпресивниот терен што било кога сум го видел

antartica-last-frontier-the-Golden-Fleece
Разгледување на Шетландски острови

 Текст и фотографија Теро Репо

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки